Мегафон опера

Концертна изведба на „Кавалерија рустикана“

Концертна изведба на „Кавалерија рустикана“

На 12.2.2021 (петок) во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи концертна изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскaњи со почеток во 20 часот а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.

„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин,  трагичната приказна за љубовниот  триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска – Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска – Мадевска, хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!

To top