Радио Милева живот под лупа

Мелита одново одговараше на прашања на следбениците, а едно беше „најскокотливо“: „Кој моќник стои зад тебе и затоа ли јавно немаш момче… мал е градот!?“ (ФОТО)

Мелита одново одговараше на прашања на следбениците, а едно беше „најскокотливо“: „Кој моќник стои зад тебе и затоа ли јавно немаш момче… мал е градот!?“ (ФОТО)

Мелита Ракичевиќ, некогашна ТВ водителка, денес најпознатата македонска трендсетерка, по многу нешта позната, специфична, постојано актуелн во јавноста, која непрестанува да се интересира за неа и нејзиниот живот. Ништо помалку атрактивна и интересна за медиумите, кои постојано се обидуваат да „исчепкаат“ и најситни детали од нејзината приватност, која со години е тема на нивните насловници, написи и прилози, предмет на интерес на сите оние на кои таблоидите им се омилено четиво  како „лектира“ или за дневна забава, сеедно!

Како и да е,  Мелита иако оддамна повеќе не работи во медимуите, постојанио и непрестано е дел од нивната содржина. СОцијалните мрежи ништо помалку не ја третираат и се исто толку, па дури и повеќе заинтересирани затоа каде е, со кого е, што прави, што јаде, што пуие, каде или со кого спие, што облекува, киој ја соблекува, што купила, што добила на подарок и од кого, има ли ново момче или некој ја „спонзорира“, да ли е „старлета“ или градска ведета… И уште илјада и една претпоставка, нагаѓање, шпекулација, за оваа позната наша дама. И додека за едни Мелита е вистинска кралица, дама за почит и грација, други ја ставаат во „поинаква комбинација“, но сепак сите не престануваат да се интересираат за неа и нејзината приватност.

За нештата да бидат појасни, Мелита одвреме-навреме знае да отвори душа, па го отвора својот Инстаграм профил за прашања на своите следбеници и оние кои не се тоа, ама многу ги интерсира што ќе им одговори на она што по кулоарите се шушка или гласно говори за неа, па така и овој пат се стави себе си на располагање да биде отворена за јавноста.

Прашања многу – одговори исто толку, од кои некои познати, некои непознати, дузина комплименти и по некоја провокација… Колку за да ја задржи тензијата и одново заскокотка целата нација која неодоливо ја интересира, што тоа Мелита чува затскриено зад својата завеса… на животот?  Еве дел од нив:

„Слушам ја напушташ Македонија, немој…!?“ – ја праша еден загрижен обожавател, а Мелита не ја потврди веста, но во оговорот ја наговести таквата можност:

„Има вистина дека правам некои планови… Сериозно се возможни, но заради ситуацијата, се е ставено во фаза на мирување“ – одговори Мелита.

„Ексцентрична си многу, дали е тоа маана или…?“ -беше прашањето за спецификите на нејзината личност и постапки, на што Мелита одговори:

„Апсолутна посебност и реткост. Да се издвоиш секогаш од другите, да имаш нешто силно, свое, кое те обележува… И храбро е да си ексцентрик,. Секогаш ќе го свртиш вниманието“.

„Живееш под лупа, дали е напорни и како издржуваш?“ – ја прашаа, а таа возврати: „Пренапорно е веќе. Кај мене никогаш не стивнува. Ми се следи секој чекор, се’ разбирам, и не ми пречи длабоко во себе, но малку сум уморна. Злобните не ги ни забележувам, а добрите ги почитува. Имам многу, многу фанови, и ми значат!“

Она што веројатно најмногу ги интересира многумина, беше тема на следната тура од неколку прашања: „Во чии прегратки паѓа Мелита“, па  првото е повеќе констатација, отколку прашање:

„Само се чека со кој среќник ќе се појавиш јавно, ќе биде јако“ – напиша нејзиниот фан, со што ја изнасме Мелита: „На глас се смеам искрено, ха, ха ха…“, возврати таа.

Но веќе со следното прашање не и беше до смеење, па на сочната провокацијата: „Кој моќник од МК стои за се’ зад тебе и затоа јавнио немаш момче, мал е градот!?“ – нејзиниот одговор беше исто толку жесток:

„Глупости. Болни фантазии на кретени!“

Поддршката стигна веќе во следниот пост: „Одлична си, нека пукнат душманите“, на што Мелита се надоврза наместо одговор: „Секој си има своја мисија, свој пат и без препреки би било многу едноставно. Душмани имам цел живот, никако да најдат мир“.

Но, не само провокативните, туку можеби и повеќе од тоа емотивните прашања ја допреа некопгашната водителка, особено оние врзани за нејзината наследничка и животна и во професијата, ќерката Барбара која тргна по патот на Мелита и заплови во водителските, но и во пејачките води, па на прашањето кога и дали Барби ќе има нова песна, нејзуината мајка одговори:

„Да, веќе има нова песна која е снимена,а за неа ќе има спот и многу наскоро ќе ја промовира во етерот“.

Она што ја разнежни некогашната ТВ водителка беше молбата од една нејзина ообожавателка да и подари парче од својата гардероба, на што Мелита и возврати:

„Баш ме погоди во срцето. Уште денес ќе ти пишам порака и ќе ти подготвам изненадување“ – ја развесели својата обожавателка Мелита, која одговараше уште на дузина повеќе или помалку вообичаени прашања на своите следбеници на социјалните мрежи, а најзините одговори како и секогаш го побудија интерсот на јавноста.

Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli

 

 

 

 

 

 

 

To top