Македонската ТВ водителка во мирување и инфлуенсерка во офанзива – Миа Костова, секој ден со нешто изненадува. Конечно и мора, зашто животот без изненадувања ем би и бил здодевен, ем сиромашен… Впрочем од своите “фоловери“ живее, па ако секој ден не ги „храни“ со нови содржини, бројката не само што нема да им расне туку и ќе почне да се намалува, а тоа никој не го посакува и никако не е пожелно за една актуелна инфлуенсерка.
Овој пат Миа реши да спои убаво и корисно, па она што веќе и е стара пракса, одново да го сподели со своите следбеници – новата тетоважа! Не и е ниту прв пат, ниту најшарена слика на телото, а ниту пак место на кое нема нешто веќе насликано, па сепак…
Миа Костова реши да докаже дека може да собере и 5.000 лајка по фотографија, па покажа како изгледа новата тетоважа на гола кожа, нацртана меѓу двете нејзини „силиконски убавици“ преку кои со рацете ги прекрила нивните брадаваци. Иако, како шт о тврди, тоа не и е баш навика, сепак ете… Миа покажа како може да се спојат уметноста на тетовирањето, естетиката и еротиката, со комерцијалниот сегмент, па тој фото-акт за момент го сподели со своите обожаватели… Миа – мајка, за 5.000 лајка и доказ дека ако сака може, ама тоа сепак не е, ниту бил – нејзин стил.
Патем, гледајќи го она што го нацртал тату мајсторот како ново уметничко дело на нејзиното голо тело, не можеме да не забележиме дека меѓу, сега бујните гради на Миа, има двојна „кардиологија“… Зашто не едно, туку меѓу нејзините гради има срца – две! Едното, она внатре што чука за љубов на сите, и она другото, меѓу градите тетовирано, за нечија љубов посебно изгравирано. Чија, само русокоста знае?! Но, како и да е, едно е сигурно:
Миа Костова не е со „крстот на чело“, ама затоа е со месечина и две срца… меѓу голи гради!