Радио Милева Цврст став!

Бред Пит цели девет месеци ја чекал Џенифер Анистон за првиот интимен однос

Бред Пит цели девет месеци ја чекал Џенифер Анистон за првиот интимен однос

Актерите Џенифер Анистон и Бред Пит започнаа да се гледаат во 1998 година, откако нивните агенти договорија состанок за нив.

Тие веднаш станаа нова златна двојка на Холивуд, а по петмесечна бајка од романса, свршувачката „падна“, а свадбата следеше во јули 2000 година. Сепак, пет години подоцна, нивниот развод го шокираше светот на славните и бројните обожаватели.

фото:профимедиа

Според британскиот таблоид „Дејли Стар“, омилената холивудска актерка и sвезда на хит ТВ-серијата „Пријатели“ го принудила нејзиниот Бред да апстинира долги девет месеци, што би значело дека тие се свршиле пред да ја консумираат врската.

– Џенифер наводно се плашела дека сексот ќе ја уништи нивната врска и затоа не сакаше да брза. Во тоа време, таа сметаше дека е најмудрата одлука што може да ја донесе. Замислете да му кажете на Бред Пит дека мора да чека интимен чин – изјави за „Мирор“ извор близок до поранешните сопружници.

фото:профимедиа

Странските медиуми исто така пишуваат дека актерската двојка конечно завршила во кревет за време на романтичен викенд во Акапулко, Мексико, на Денот на в вљубените 1999 година, само пет месеци пред венчавката.

To top