За секој еден естраден уметник најголемото задоволство доаѓа кога публиката ти ги сака и слуша песните, а особено ако тоа се случува уште по самата промоција.
Сепак, драго им е и кога колегите несебично ќе ги поддржат, ќе им ја споделат и коментираат песната, спотот, албумот.
Деновиве поп-пејачот Влатко Лозански ја промовираше својата најнова песна насловена „Километри“, која наиде на позитивни реакции не само кај публиката туку и кај колегите од музичката фела, но први кои сакаа јавно да истакнат што мислат за новата песна на Лозано, беа Панчо ДНК и пејачката Елена Велевска.
Панчо освен тоа што го сподели спотот, посочи дека треба да се поддржува македонската музика, а пак Елена во дополнување на линкот напиша дека новиот сингл на Лозано е „мастерпис“ и во продолжение аплаузи.
Ако едосега не сте ја слушнале „Километри“ тоа може да го направите од линкот подолу, па и Вие да го споделите вашиот коментар и да ја поддржите македонската музика.