Македонската пејачка Цветанка Глигорова, повеќе не е ниту Глигорова, ниту мома. Таа викендов го смени и брачниот статус и презимето, па отсега згодната и распеана кавадарчанка г-ца Глигорова, барајте ја како г-ѓа Бартуловиќ.
Имено, минатата недела објавивме дека Цветанка, тогаш се уште Глигорова славеше роденден.
Меѓу останатото она што го доби на подарок, го приложи во вид на фотографија на својот Инстаграм профил: торта, букет цвеќе и… веренички прстен во пакет со брачна понуда од нејзиниот избраник Крешимир Бартуловиќ, со кого таа веќе некое време беше во сериозна врска, која ни самата не ја криеше.
Тогаш на на згодната Цеце и беше роденден, а викендов и беше именден. За Цветници именден нели слават сите оние чие име се совпаѓа со тој ден, па така и Цветанка. Ама распеаната кавадарчанка на овие Цветници имаше приичина за двојно славје. Ако пејачката за роденденот се сврши, за именденот се омажи!
Откако нејзиниот избраник и подари веренички прстен, очигледно решил и да ја побара за сопруга па изборот на денот за свечениот чин паднал токму на нејзиниот именден – на Цветници!
Обајцата облечени во елегантна свечана тоалета пејачката и незиниот, сега веќе сопруг во присуство на најблиските го ставија својот потпис во матичната служба во градското собрание на Кавадарци, па од овие Цветници, Цветанка одново од мома, стана госпоѓа… овој пат Бартуловиќ.
Втората шанса за брачна среќа, таа ја прослави со најблиските и пријателите и секако со размена на нежности, прв брачен бакнеж, невестинска торта и се разбира… весело расположение со свадбена журка и многу музика.
Дали за микрофонот се фати и невестата знаат само најблиските и сватовите, ама дека невестата има наследничка со потенцијал, сега знаат сите.
Откако ќерката на невестата од првиот брак се фати за микрофонот да запее.
А госпоѓа Бартуловиќ веќе го смени статусот… и животниот и оној на социјалните мрежи…
На ред се документите за лична идентификација и… нови плакати за настап! Нека е со среќа!