Атрактивната внука на Наташа Беквалац, Сара Шекуларац, која се претставува под уметничкото име Зои, откри детали кои не беа познати во јавност.
Таа откри дали и пречи кога и рекоа дека е премногу мажествена.
– Имам две страни на личноста и избирам во кој момент која ќе надвладее. Вистина е дека имам машки мозок и карактер и не знам како да се чувствувам по тој повод (се смее) – рече таа и изјави дали некогаш емотивно и се допаѓа жена.
– Во моментов не ме интересираат ниту мажи ниту жени, но секако мислам дека љубовта не бира пол – беше јасна Зои.
Таа исто така призна дека се консултирала со Наташа, како и со другата тетка Кристина.
– Разговарам со нив затоа што имаме најмногу сличен сензибилитет и јас навистина ги разбирам целосно, како и тие од мене. Сакам да слушам што имаат да кажат, не ги слушам секогаш, се разбира, што е на моја штета, но јас сум личност која треба многу пати да ја удри главата во ѕидот пред да се освести – заклучи таа за „Стори“.