Радио Милева И на тоа се сетија!

Српската пејачка им наплатувала на фановите за роденденски честитки споделувајќи ги на својот Инстаграм?!

Српската пејачка им наплатувала на фановите за роденденски честитки споделувајќи ги на својот Инстаграм?!

Во српските медиуми се пишуваше често околу обвинувањата дека пејачката Теодора Џехверовиќ заработува, меѓу другото, со наплата на роденденски честитки за фановите од 500 евра за време на пандемијата на вирусот корона. Сега, ова го искоментира нејзината колешка, пејачката Сара Рељиќ.

Сара изјави дека никогаш не била во ситуација да бара пари за такви работи, и дека тоа го прави бесплатно.

– Секој наоѓа начин да заработи пари, од моето искуство можам да кажам дека никогаш не сум дошла во ситуација да барам пари за тоа. Ако сакам да објавам честитка, имам време, тоа не ми претставува проблем – изјави Сара за „Премиера“, која исто така беше цимерка во „Задруга 1“ со Теодора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SARA RELJIĆ (@sara_reljic.1)

Рељиќ додаде дека одредени луѓе неодамна, како што тврди, се обиделе да ја саботираат нејзината нова песна.

– Некои луѓе се хранат со негативна енергија, луѓето сакаат да бидат деструктивни, но човек се помирува со тоа и велам: ‘Продолжувам’, затоа одам на следниот проект. Тоа е тоа, работата ме спасува, не беше соодветно за мене и не е важно, но од друга страна, тоа е живот – рече пејачката во споменатото шоу.

To top