Актерот Силвестер Сталоне купи имот во Палм Бич, Флорида за неверојатни 35.375.000 американски долари, кој нуди три структури, главна куќа, пансион, павилјон за гости и отворена кабина преку базенот.
Сталоне, кој е оженет со претприемачката и поранешна манекенка Jенифер Фавин, е последната sвезда што се приклучи на познатите личности, кои го нарекуваат Палм Бич дом. На списокот се најдоа рокерите Џон Бон Џови и Род Стјуарт, како и многу други ТВ sвезди.
Имотот што го купи славниот Роки беше завршен во 2014 година, кога беше направен во стилот на Бермуди. Имотот е распространет на 1,5 хектари долж 100 метри приватна плажа долж брегот на езерото, кој исто така вклучува и пристаниште.
Луксузниот имот вклучува двоспратна главна резиденција, посебна куќа за гости и павилјон покрај базенот. Вкупно, имотот има седум спални соби и 13.241 квадратни метри простор за живеење, внатре и надвор.
Француските врати во сите вили се свртени кон езерото, а надворешната кабина гледа на базенот на брегот и бањата, така што овој имот овозможува необичен и неверојатен поглед.
Ким Кардашијан е во соседството.
Сталоне, кој во 90-тите години на минатиот век поседуваше куќа во Бискејскиот Залив во Мајами, очигледно ужива да го има својот дом со поглед кон морето или езерото, и овој пат реши да се пресели во вистински мал рај. Тогашниот дом го продаде во 1999 година за рекордни 16,2 милиони долари, а подоцна се пресели во Калифорнија.