Го паметите како Бали Бег и беше многу убав! После Бали Бег, тој ја сними и одличната серија „Кара севда“ (Црна љубов) и жените ширум светот беа апсолутно вљубени во него.
Потоа исчезна. Се ожени со својата колешка Фахрија Евжен, добија дете и сега нивниот син ќе наполни две години во април.
Медиумите во неколку наврати објавија дека се разведуваат, но досега тие успеаја да го зачуваат бракот. Бурак снимаше многу, а во моментов се емитува втората сезона на серијата „Осман“ во која тој го игра самиот Осман Гази. Предвидени се пет сезони од оваа серија, а трансформацијата на Бурак е фантастична.
Покрај физичкиот изглед, Бурак буквално уживаше во улогата. Продуцентите велат дека во една прилика тој снимал сцена во калта цел ден и одбил да биде заменет со дублер.
Поради својата улога во серијата, Бурак пушти долга и црна брада.
Патем, овој актер е заштитно лице на неколку модни брендови и на сите слики е фотографиран со брада.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/burakozcivit