Познатата Парис Хилтон се надева дека по три пропаднати свршувачки конечно ќе застане пред олтар со партнерот, но поради пандемијата со коронавирусот, венчавката ќе биде интимна и во кругот на семејството и пријателите.
Иако официјално не објави за својата свршувачка изгледа дека Парис Хилтон едвај чека да каже „да“.
Поради бурното љубовно минато и три пропаднати веридби, Парис не сака да објави за свршувачката за да не се повтори историјата.
„Нашата венчавка ќе биде интимна. Тоа е ден за кој сонував цел живот и сега го пронајдов својот принц. Едноставно, не можам да дочекам“, изјави Хилтон за „ОК“.