Контроверзната српска пејачка Дуња Илиќ е позната на јавноста во бројните скандали, со нејзиниот последен испад предизвика бурни реакции.
Дуња има неколку неуспеси во последниве години, и иако неодамна се повлече од шоубизнисот, таа одвреме- навреме ги шокира корисниците на социјалните медиуми.
Пејачката напишала текст од кој многумина се постресоа и се загрижени за нејзината состојба.
„Јас сум тука, а не сум, гледам, а не гледам. Слушам, но не слушам. Престанувам да постојам. Ми недостасува одразот во огледалото. Го губам чувството и го губам мојот лик. Сè што ме држеше, времето ќе ми го одзеде. Не ме обвинувај, живеам за денот да се разбудам и да го живеам својот сон“ – е само дел од пораката на Дуња.
„Ништо, само онака… малку си пишувам“ – додала таа, очигледно да им даде на загрижените на знаење дека се’ е во ред со неа.