Популарната пејачка Рада Манојловиќ од самото појавување на музичката сцена досега многу се промени, а како што тврди досега немала естетски корекции.
Рада на своите следбеници на Инстаграм им покажа како изгледа без грам шминка.
Пејачката позираше во опуштено издание, а во описот напиша:
„Без шминка“.

Под објавата добри бројни коментари, а некои нив се:
„Поубави си отколку со шминка“, „Преубава“, „Жив огин“, се само некои од коментарите.
Рада во една прилика истакна дека не сака да стави силикони и дека на своето момче Харис му се допаѓа таква каква што е.
„Никогаш не размислувам да ставам силикони, но не грижете се, се’ тоа е убаво кога ќе се соблечам. Не треба ништо да се менува. Нема зошто да се спротивставува бидејќи се’ се гледа во моето деколте“, вели Манојловиќ.