Радио Милева мојата бивша сопруга

Жика Јакшиќ и Дајана Пауновиќ првпат заедно се појавија пред камери по разводот

Жика Јакшиќ и Дајана Пауновиќ првпат заедно се појавија пред камери по разводот

Продуцентот Жика Јакшиќ и водителката Дајана Пауновиќ беа во брак седум години. Тие се разведоа пред три години и остана во добри пријателски односи.

Првпат по разводот тие заедно се појавија на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тие цело време биле насмеани.

фото: Принтскрин/инстаграм

Дајана во емисијата имаше задача да ги коментира настапите на кандидатите.

Жика ја најави како гост во жирито и пред милионскиот аудиториум и упати емотивна порака.

„Ја имам таа чест и задоволство да ја најавам прекрасната дама и мајка која многу ја сакав и ја сакам, водителката Дајана Јакшиќ, пардон Пауновиќ“, се пошегува Жика.

To top