Радио Милева некој нешто помешал

По написите дека Сања Маринковиќ е љубовница на Душко Тошиќ, се огласи и водителката на Пинк и даде свој коментар

По написите дека Сања Маринковиќ е љубовница на Душко Тошиќ, се огласи и водителката на Пинк и даде свој коментар

Како бомба одекна веста дека Душко Тошиќ покрај сопругата и наводната љубовница Ана Јовановиќ се гледал и со разведена водителка која има популарна забавна емисија, а сега се зборува дека се работи за Сања Маринковиќ, водителката и авторката на емисијата „Магазин ин“.

Наводно, тие трипати се виделе во текот на претходното лето.

По тој повод за курир.рс се огласи и водителката на Пинк, која истакна дека немала ништо со Душко.

„Која е оваа водителка? Не мислите на мене? Не знам кој е ова. Душко го познавам и сме само на здраво – здраво“, вели Сања, а кога и пренеле што се зборува меѓу естрадата, таа одговорила дека немала близок однос со фудблерот.

фото: ана паунковиќ

„Не го познавам. Го поканував во емисија, но не можеше да дојде. Некој нешто помешал, јас не сум таа водителка“ тврди Сања, па ја спомна и Јелена Карлеуша, сопругата на Душко.

„Ја познавам сопругата на Душко, а ја познавав и нејзината мајка. Не сум таа водителка и немам коментар на тие лаги и измислици“, вели Маринковиќ за курир.

фото: Профимедиа

Инаку, Јелена се огласи по повод љубовниците на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека тоа не е точно и дека фудбалерот поднел тужби.

To top