Една од најпопуларните турски актерки, Мери Узерли која на публиката и е позната по улогата Хурем во „Величиствениот“ на 8 јануари го роди своето второ дете односно ќерка за која го одбра името Лили Кои.
Веста за раѓањето ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, а деновиве покажа колку ужива во најубавите моменти со наследничката.
Таа редовно објавува фотографии, а на една од нејзините последни објави во фокус падна дел од нејзиниот дом.
Гордата мајка додека танцуваше со својата наследнича во прегратка, покажа дел од нејзиниот дом односно дневната.
Покрај удобните сиви софи, во просторијата каде што го поминува поголемиот дел од своето време со семејството, Мери има интересни уметнички дела на ѕидовите, како и голем букет со разни цвеќиња што дополнително додава топлина во просторијата.
Веруваме дека познатата Хурем ужива во топлината на својот дом.