Актерката Летиција Калдерон која на публиката и е позната по улогата на Есмералда итно е пренесена во болница поради компликации со коронавирусот.
Како што пишуваат мексиканските медиуми, нејзината здравствена состојба е многу сериозна, а заразени се и некои членови на нејзиното семејство, но никој не е хоспитализиран.
Летиција од петокот е во болница и се огласи на Твитер.
– Во болница сум и сум опкружена со прекраксни медицински лица кои се грижат за мене. Сега треба и време за оздравување. Ви благодарам на поддршката. Ова година не започна како што очекував, уште неколку членови на моето семејство се заразани, затоа ве молам да се сетите на нас во вашите молитви“, напиша актерката.
Таа истакна дека ги почитувала мерките за заштита од корона, но и покрај тоа успеала да се зарази.
Инаку, Летиција својата огромна популарност ја стекна со нејзината улога на Есмералда истоимената серија, а ден денес се занимава со глума во твновелите.
Калдерон во 2013 година јавно признава дека се бори со зависнот од дрога, а одлучи да излечи откако нејзина пријателка и умре на раце поради предозирање на наркотици.