Како бомба одекна веста во српските медиуми дека актерката Милена Радуловиќ го пријавила професорот по глума и режисер Мирослав Мика Алексиќ дека ја силувал кога имала 17 години, а многу колеги ја поддржаа неа и другите девојки кои минале низ слична голгота.
Анастасија Ражнатовиќ истакна дека како дете го посетувала токму неговото училиште за глума некое време и и даде целосна поддршка на Милена и останатите девојки.
„Како некој што како дете кратко време го посетувал тоа училиште, малку е да се каже дека сум ужасната и шокирана. Поддршка за храбрата Милена и сите девојки што поминале низ оваа голгота“, напишала Анастасија.
Но, малкумина знаат дека Мика Алексиќ ја снимал „венчавката на векот“ – свадбата на родителите на Анастасија, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Снимањето на свадбата го организирал режисерот Мирослав Алексиќ, порано наградуван режисер во државната телевизија, кој се сретнал со Аркан неколку години порано кога го овековечил командантот на Српската доброволна гарда во Тења.
Алексиќ го снимал целиот тек на венчавката со пет мобилни камери. Вкупно, биле снимени околу 30 часа материјал, од кој подоцна била направена 90-минутна касета.