Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) ужива во љубовта со Богдан Срејовиќ (38), кој е девет години помлад од пејачката, а по сознанието за нивната емотивна врска, јавноста е заинтересирана за минатото на момчето на Цеца.
Како што е познато, Богдан е менаџер на популарен ресторан во Белград, а сите што го познаваат тврдат дека е вреден и способен, како и дека секој клуб и ресторан успешно ги водел.
Инаку, уште пред да ја запознае Цеца, Богдан беше во естрадните кругови, што не е изненадувачки поради работата со која се занимава. Срејовиќ познава многу јавни личности, од модели, музичари, преку спортисти, до политичари.
Тој е близок со Бане Јанковиќ, со кого до неодамна водеше белградски клуб. Меѓутоа, бидејќи пандемијата со коронавирусот го запре ноќниот живот, Срејовиќ остана без работа, но само за кратко време, пишува Курир. Набргу го побарал пријател, сопственик на ресторан во кој работи неколку месеци.
Срејовиќ е од Крагујевац, а неговите родители Милош и Мирјана наводно се разведени. Мајката Мирјана Кокиќ е активна на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии со нејзиниот син, но и со нејзината внука, која Богдан ја доби од бракот со Зорана Тасовац, сегашната девојка на Саша Ковачевиќ.
Таткото на момчето на Цеца, Милош Срејовиќ, е поранешен спортист, кој сè уште го држи рекордот во дисциплината атлетика во трокок. Во 1978 година, тој стана европски шампион, но поради повреда мораше да ја заврши својата кариера.
Малку е познато дека Срејовиќ порано бил модел, но работата на менаџер повеќе му се допаднала, да затоа се фокусирал на тоа.
Откако се дозна за неговата врска со Цеца, на Богдан му се зголеми популарноста, па од 5000 следбеници сега има повеќе од 14 000.