Водителот Огнен Амиџиќ пред една недела беше хоспитализиран во болница.
Откако направил два ПЦР тестови кои покажале дека биле негативни, на инсистирање на докторите водителот направил скенер на белите дробови и крвна анализа кои сепак покажале дека е позитивен на Ковид 19.
Огнен излезе од болница бидејќи сите резултати биле добри, а имал и антитела.
„Фала му на Бога, добро сум. Излегов од болница и конечно сум со семејството. Благодарам на сите кои се грижеа и кои се јавуваа. Им благодарам на претставниците на седма сила за разбирањето. Се радувам на новата емисија во вторник вечер која ќе биде спектакуларна“ изјави Огнен.