Пејачката Светлана Цеца Разнатовиќ (46), деновиве стана мета на српските медиуми, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од нејзиниот нов партнер. Најголемата балканска ѕвезда наводно е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.
Кога е Цеца во прашање, станува збор за вистинска ексклузивност, особено ако се знае дека таа ретко открива детали од својот приватен живот.
Според зборовите на извори блиски до вљубената двојка, запознавањето се случило на една роденденска забава на нејзина пријателка. Потоа преку заедничкиот пријател се виделе уште неколку пати, каде што и се родиле симпатии и после неколку недели дружење, започнале романтична љубовна врска.
Од Нова година почнале да се појавуваат и заедно во јавноста, за што сведочат и папарацо фотографиите направени во еден ресторан, но пред тоа парот е виден и на Јахорина.
Изворот објаснил дека Богдан со години работи во угостителската дејсност и бил многу успешен во својата работа. Тој е татко на женско дете по име Искра, за која вели дека му е се’ во животот, која му е ќерка од претходниот брак, откако се развел пред околу 5 години.
Но, засега ниту тој ниту Цеца официјално не ја потврдиле нивната врска.
„Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум“, по што Цеца го прекинала телефонскиот повик ниту негиријаќи , ниту потврдувајќи ги шпекулациите, но екипата на емисијата „Папарацо лов“ ги „живи ги улови“ па погледнете го видеото и уверете се дали Цеца е или не е во нова „љубовна шема“?
https://www.youtube.com/watch?v=RKfdlRlt5Uc&feature=emb_logo