Радио Милева

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана по 25 години ја откри нејзината најголема тајна

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана по 25 години ја откри нејзината најголема тајна

Поминаа точно 25 години откако принцезата Дијана даде интервју за Би-Би-Си за кое се верува дека ја сменило историјата.

Тогаш таа првпат се соблече гола пред милиони во разговор со истакнат новинар на оваа медиумска куќа, Мартин Башир.

Хасат Кан, кој ја започна врската со Дијана во 1995 година, пред принцезата официјално да се разведе од принцот Чарлс, сега првпат зборуваше за оваа тема и истакна дека Башар ја изманипулирал принцезата во познатото интервју за „Панорама“.

Во декември, Би-Би-Си беше обвинет за фалсификување документи за да обезбеди разговор со принцезата, а сега д-р Кан тврди дека Башир ја искористил Дијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pop Culture🍂 (@violetshelll)

– Еден од нејзините најубави квалитети беше ранливоста. Затоа Дијана привлече толку многу внимание во јавноста. Подоцна, сфатив дека Мартин ја видел таа нејзина одлика и ја искористил – рече Кан за „Дејли мејли“.

– Тој беше многу убедлив со Дијана. Трикот беше во тоа што тој беше многу респектабилен новинар, па дури и многу побожен. Но, тој и ја наполни главата со ѓубре – рече Кан, кој е познат по тоа што не сакаше да се појавува во јавност.

Интервјуто имаше толку големо влијание врз принцезата што по разговорот со Башир, таа почна да верува дека принцот Чарлс има афера со дадилката на нивните синови.

Хасат Кан и Дијана ја започнаа својата врска кон крајот на летото 1995 година, а ја завршија две години подоцна.

To top