Принцот Филип пред неколку месеци беше заразен од коронавирус на 99 години, но за тоа од палатата не сакаа да се пишува во јавноста.
Сепак, сега за имунизацијата сакаат сите да разберат дека се вакцинирани.
Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примиле вакцината против коронавирусот, соопшти денеска Бакингамската палата.
View this post on Instagram
Кралската куќа, која ретко изнесува во јавност детали за здравјето на кралскиот пар, навела дека кралицата одлучила да се објави таа информација за да се спречат евентуални шпекулации и неточни информации, пренесува „BBC“.
Извор близок на кралското семејство потврдил за агенцијата „АП“ дека кралицата и принцот ја примиле вакцината од семејниот доктор во замокот во Виндзор.
Во Британија досега 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината против коронавирусот.