Радио Милева стара љубов, нов имиџ

Сандра – Африка веќе не изгледа исто: Од долгата црна коса не остана ништо, фановите стапсиани… (ФОТО)

Сандра – Африка веќе не изгледа исто: Од долгата црна коса не остана ништо, фановите стапсиани… (ФОТО)

Популарната српска турбо-фолк пејачка, Сандра Продановиќ, попозната како Сандра – Африка, беше препознатлива по извајаниот задник и долгата црна коса.

Уште кога се појави на естрадата како танчарка, познатата шапчанка  сите ја паметат како „црна жешка жена“, каква што беше во текот на целата своја кариера.

Сепак, Сандра ги изненади сите со фотографии на својот Инстаграм каде се појави како русокоса на снимањето на новото видео. Сандра – Африка на него веќе не изгледа исто. Од долгата црна коса не остана ништо, а фановите останаа стаписани. Но, дали оваа промена ќе трае, или Сандра наскоро ќе му се врати на својот препознатлив изглед, останува да видиме.

После две години пауза, Сандра неодамна ја обнови врската со нејзиниот менаџер, па можеби затоа и решила да направи драстичен чекор. Според близок извор на двојката, пејачката одлучила да ја обнови десетгодишната врска со нејзиниот најблизок соработник,  да и даде уште една шанса на нивната љубов и да започне да живее во Шабац заедно со него.

Сепак, „газлестата џепна венера“ не сакаше долго да ги остави своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи во неизвесност и исчекување, па веднаш обзнани нешто, што ќе ги успокои и ќе им ја смири возбудата.

Имено, пејачката по фотографиите сподели видео, на кое е исто така русокоса, со истата фризура, но за утеха соопшти дека се работи само за реклама… За рекламно видео за познат бренд на разни модели на перики, каква што една од нив на себе ставила и Сандра – Африка. Така што нејзините фанови, можат мирно да спијат и да ја сонуваат, онаква каква што ја познаваат и посакуваат својата миленичка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Afrika (@sandraafrika)

To top