Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ често споделува моменти од своето секојдневие со своите обожаватели на социјалните мрежи и покажува како го поминува своето слободно време со пријателите. Овој пат, таа откри што морала да стори откао ја загубила партијата карти, а предизвикот воопшто не беил пријатен. Напротив… Гнасен, смрдлив и неподнослив.
Имено, таа морала да истури расипан јогурт, поточно да си го измие лицето со него и да го остави да стои на фаца пет минути, што како што напишала, за неа било ужасно!
„Еднаш ќе изгубиш на карти и ете…. Добив маска за лице направена од расипан јогурт“ – напишала покрај видеото каде се мие со јогурт во кадата, а потоа објави видео каде седи со споменатата „ смрдлива маска“ на лицето.
„Пет минути во гадење и смрдеа. Немате поим колку е ова гадно“ – напиша Ражнатовиќ.
Ама кој и е виновен. Памет и поука за друг пат: Не играј игра која не си сигурна дека ќе ја добиеш, а патем… не се обложувај на гадости, зашто како што вели старата поговорка: „Стапот има два краја“! Подебелиот крај овој пат го извлече ќерката на Цеца!