Бугарските старлети почнаа да земаат кредит од банка, за да си ги обноват силиконите, како би можеле и понатаму да останат во игра, пишуваат бугарските интернет таблоиди.
Така, Деси Димитрова наречена „Фотосесија“, Билјана Василева, позната по прекарот Пандора и Мартина Јурукова „пред да им истече рокот“ решиле да земат банкарски заеми, за да стекнат слава со учество во Мис Плеймейт (Старлета) и Мис Силикон.

Подоцна, Деси Димитрова добила неколку фотосесии откако ставила нови гради и веќе заработува хонорари во странство.
Пандора нема толку многу кубици, но е меѓу најелитните еротски танчерки во Студентскиот град.
Мартина пак се фали дека е опкружена од илјадници убави мажи со кои патува и го обиколува светот на егзотични дестинации, пишува бугарски Телеграф.
Извор: Хотарена.нет