Познато е дека македонската пејачката Татјана Лазаревска заедно со нејзиното семејство односно сопругот и синовите живее во Австралија каде што неодамна купија и сопствен дом.
Иако живее илјадници километри од својата држава, Лазаревска постојано е во контакт со нејзините роднини, пријатели, следбеници, фанови од Македонија.
Таа е активна на Фејсбук и Инстаграм, па оние кои ја следат знаат каде е, што прави, како го поминува времето… а пејачката изминатиот период додека траеше карантинот и изолацијата се вклучуваше во живо од својот дом и ги забавуваше фановите.
Деновиве, пак Лазаревска и нејзиното семејство имаа убав повод за славење односно именденот на нејзиниот син Стефан.
Меѓутоа, за македонската фолкерка нема зима. Имено, иако во Македонија владеат ниски температури и студено време, а на некои места може да се забележи снег и повеќето од јавните личности уживаат во зимската магија, Лазаревска се релаксира и опушта на плажа.
Со оглед на тоа што во Австралија владее поразлична клима, односно додека тука се ниски темпартури, а таму е лето, пејачката го искористи овој период од годината да ужива на плажа на 33 степени Целзусови.
Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии, а во описот напиша кратко и јасно – лето 2021.
За Татјана годината започна убаво и топло, а оние кои се љубители на летниот период може само да и позавидат на пејачката.