Ненад Стефановиќ, Јапанац, поранешен басист на „Пилоти“, почина вчера, 8 јануари 2021 год. на 62-годишна возраст, а денес е погребан.
Во својата кариера соработуваше со многу познати личности. Многумина се простија од него на социјалните мрежи, вклучително и Бајага со своите “Инструктори“, која објави статус со емотивни зборови на Фејсбук.
„Драги пријатели, минатата година ја завршивме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, и за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ – Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи досега не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и уште на многу други песни. Свиреше на плочите и ЦД-ата на голем број наши колеги – Бијело дугме, Оливер Мандиќ … Постои голема празнина на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика повеќе нема да биде ист без тебе. Те сакаат твоите Бајага и Инструктори “, пишува во соопштението.
Ненад Стефановиќ е роден во 1959 година во Крушевац. Се докажа како многу сигурен, прецизен, точен, оригинален и инвентивен басист, и како одличен познавач на применетата хармонија, свирејќи на гитара истовремено. Учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.