Двејн Џонсон е холивудски актер омилен на многумина, а неговите акциони и авантуристички филмови истот така постигнуваат голема популарност и милионска заработка.
Но, секогаш не било така, а на „Карпата“, не му цветале ружи во животот, особено во периодот кога бил бездомник.
Во тинејџерските години бил сиромашен бездомник, а во таа прилика му помогнал поранешниот боречки менаџер Бруно Лауер.
Џонсон никогаш не го заборавил неговото добро дело, па затоа на својот долгогодишен пријател му приредил прекрасно изненадување – му купил автомобил вреден 30.000 долари.
Двејн објавил видео на Инстаграм на кое со Бруно, кој не очекувал никакво изненадување, разговара за тоа како го примил кај него кога немал дом, на само 15 години, и како токму Бруно му го купил првиот автомобил.
View this post on Instagram
„Не можам доволно да ти се заблагодарам за она што го направи кога имав 15 години. Имаше целосно право да кажеш дека не го познаваш тоа дете и не сакаш да живееш со него, но сепак ме прими. Бруно, многу ми значи тоа бидејќи ми го промени животот. Те сакам и благодарен сум ти. Ти благодарам што ми го купи првиот автомобил, а сега имам прилика да ти кажам – ова е твојот нов автомобил“, вели Двејн на снимката, а Бруно заплакал кога тој го сместил во новото возило.
„Никој никогаш не направил вакво нешто за мене. Те сакам“, му кажал Бруно.