Пред скоро една година принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија да се одделат од кралското семејство и должностите, а набрзо потоа се преселија во Канада, па во Калифорнија каде живеат и денес.
Сепак, Меган и Хари понекогаш сакале да бидат дел од институцијата, но тоа повеќе не им е дозволено.
„Дејли мејл“ пренесува дека на кралицата Елизабета и требале две секунди за да ги „откачи“ кога се јавиле во палатата пред Денот на сеќавањето на паднатите војници во војните, кој на Велика Британија и е исклучително важен.
Принцот посакал кралското семејство да положи венец за загинатите во негово име, но барањето експресно му било одбиено, бидејќи, освен од кралските, се откажал и од воените должности.
Неговото барање не го одбила администрацијата, пишуваат Британците, туку самата кралица. Иако го обожува внукот, ставот на кралицата е јасен – или се внатре или се надвор.