Македонскиот модел и мисица, Кристина Димитриевска е активна на „Инстаграм“ каде што редовно знае да се пофали со своите професионални успеси, ангажмани, нови проекти….
На нејзина сметка често пристигнуваат комплименти за нејзиниот изглед, но и за нејзиниот став, па оние кои ја следат на социјалните мрежи знаат да и напишат дека е многу нормална девојка.
Кристина Димитри како што е запишана на Инстаграм овој пат одговараше на прашања на нејзините фанови, а неколку од нив беа и заинтеренсирани за нејзиниот љубовен живот.
„Имаш ли дечко?“, гласеше едно од прашањата, а Димитриевска одговори:
-Имам љубов, али коме да ја дам“.
Димитриевска неодамна гостуваше во емисијата „Саrpool karaoke“ на Стефан Лазаров, па сега фановите ја прашаа мисицата дали се повеќе од пријатели, а таа одговори.
-Да, многу добри пријатели.
Зошто и Стефан Лазаров, не сте пар?
-Затоа што секој си има свој пар“, одговори Димитриевска
Исто така, добро познато е дека Кристина е добра пријателка и со учесникот во „Парови“, Ненад Маринковиќ – Гастоз, па многумина тврдат дека тие би биле одлична двојка.
„Колку убав пар би биле ти и Ненад“… гласеше еден коментар, а Кики одговори:
-Toj e мој пријател кој многу го сакам и почитувам. Исто така истакна дека со задоволство би снимила дует со Гастоз ако има прилика за тоа.
Инаку, Кристина неодамна беше гостинка во емисијата „Упознајте Парове“ па доби многу комплименти за нејзиниот изглед, но и за тоа како би била совршена партнерка на Гастоз.
Потсетуваме, Димитриевска беше во брак со македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, а заедно го имаат синот Давид.