Деновиве Дарко Лазиќ привлекува големо медиумско внимание, како поради неговиот нов изглед, така и поради постојаните борби со неговата поранешна сопруга Ана Севиќ.
Сепак, малку е познато дека популарниот пејач беше лудо за заљубен во анонимна девојка на самиот почеток на својата кариера.
View this post on Instagram
Пред сегашната избраничка Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј, но и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ, големата љубов на Дарко Лазиќ за која тогаш не се пишуваше многу и не беше позната, бидејќи пејачот штотуку ја започнуваше својата кариера, беше девојка со сини очи и црна коса.
Медиумите претходно пишуваа дека Дарко во тоа време „го изгубил разумот“ поради неа, сепак, нивната врска не траела, а причината за нивната разделба била љубомората.
Наводно, девојката не можело да ја поднесе популарноста на Дарко и постојаното присуство на обожавателки кои го прогонувале секој ден, па ставила крај на нивната врска.