Во медиумите отсекогаш сме можеле да прочитаме како американскиот пазар на шоубизнисот е главната инспирација за се’ останато што се случува на сцената во светот.
Но, и тоа како се случува токму тие да црпат инспирација од помалите земји и уметноста која тие ја пласираат.
Во случајов е модата во прашање… Имено, неодамна ТВ водителакта Ирена Спировска објави споредбена фотографија на која светски познатата Џеј Ло на католички Божиќ носи црвен фустан сличен во кројот на овој што претходно го носеше Ирена на „Роса фест 2020“.
Сега пак, нешто поинаква модна приказна… Сите се сеќаваат на фустанот кој Каролина Гочева во носеше во 2002 година на Еврозизија, а е креација на македонскиот моден дизајнер Александар Ношпал.
По толку години, тимот на Ким Кардашијан можеби се инспирирал од ова впечатливо сценско парче, па и Ким реши да облече многу сличен корсет како оној на нашата Каролина.
View this post on Instagram
Споредбите се најдоа на многу фотографии на социјалните мрежи…
…А, ниту Каролина не остана рамнодушна да сподели и да напише:
„Здраво Ноки“, додавајќи смајли емотикони, секако обраќајки му се на Александар Ношпал.