Фановите ја нападнаа актерката Џенифер Анистон поради божиќниот украс кој го објави на социјалните мрежи.
Имено, Џенифер објави фотографија од дрвена плоча на која пишува нешто што ги навреди нејзините фанови.
„Нашата прва пандемија 2020“ се пошегува актерката, а нејзините следбеници сметаат дека не треба да се смее на последиците од коронавирусот поради кој починаа многу луѓе.
„Можеби си позната, но тоа не значи дека немаш одговорност“, „Живели, ја славиме нашата прва пандемија поради која починаа милиони“, „Ја салвиме пандемијата со Божиќен украс, баш убаво“, само се некои од коментарите на Твитер.