Актерот Бред Пит години наназад привлекува големо внимание, а странските медиуми не престануваат да се интересираат за неговиот приватен живот.
Иако за Бред многу од работите се познати во јавноста, помалку е познато дека еден од најзгодните актери во Холивуд има роден брат – Даглас, кој што е три години помлад од него.
Даглас, кој што неодоливо потсетува на својот постар брат, тргнал по друг пат во животот за разлика од Бред. По завршувањето на средното училиште во Спрингфилд и државен Универзитет во Мисури, основал компјутерска агенција со која што постигнува големи успеси.
Тој се занимава со продажба на недвижнини, инвестирање и хуманитарна работа. Тој е и амбасадор на УНИЦЕФ како и основач на организацијата „Care to learn“, која што им помага на децата. Неговата кариера започнала со основањето на компјутерската агенција.
За разлика од својот брат чиј живот го одбележале турбулентни љубовни врски, Даг е веќе триесет години во среќен брак и има 3 деца.
Фондацијата „Care to Learn“ ја основал откако ја слушнал приказната за едно момче кое што го исмевале во училиште затоа што ги носело панталоните на својата мајка поради тоа што немале пари да му купат.
Инаку, браќата Пит пораснале во Мисури, во градот Сент Луис. Покрај нив двајца, семејството Пит има и ќерка Џули Нил која што исто така се занимава со хуманитарна работа.