Откако владее пандемијата со коронавирусот, познатите ширум светот немаат настапи со месеци.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ најголемиот дел од времето го поминува во Србија.
Таа слободното време го користи да снима видеа за на Јутуб, па често знае да им покаже на фановите како го поминува своето време, што прави…или пак да готви.
Во нејзиното ново видео, Шерифовиќ си постави предизвик односно бидејќи како што има изјавено неколку пати дека не знае ништо да готви, таа сега одлучи пред новогодишните празници да направи сарми.
Така пејачката замина во слаткарницата на нејзината мајка, Верица Шерифовиќ и нејзина помош го приготви овој специјалитет.
Како тоа изгледаше може да погледнете во видеото подолу.