Радио Милева пејачката спои убаво и корисно

Фолк ѕвездата Преслава е трудна од бугарски бизнисмен кој веќе има едно дете! (ФОТО)

Фолк ѕвездата Преслава е трудна од бугарски бизнисмен кој веќе има едно дете! (ФОТО)

Илјадници  коментари за само неколку минути собра веста дека популарната бугарска фолк пејачка Преслава ќе има бебе. Иако одамна негираше дека е бремена, таа конечно призна дека ќе стане мајка.

На социјалните мрежи, пејачката напиша: „Стегнете ги ремените, бебето доаѓа!“ и стави неколку хаштази со веста дека чека бебе.

Од минатата година Преслава е во врска со бугарскиот бизнисмен Павел Лазаров, кој е таткото на идното дете. Тој веќе има едно дете од својот брак, додека за Преслава оваа ќе биде прво чедо.

Фановите веднаш и посакале лесна бременост, а таа  им возвратила со категорична изјава дека ќе биде добра и посветена мајка.

Извор: Новините.бг

Фото: Принтскрин  Инстаграм

To top