Радио Милева одлука на 40 години

Емотивна исповед на Саманта од „Сексот и градот“: „Тогаш одлучив да немам деца“

Емотивна исповед на Саманта од „Сексот и градот“: „Тогаш одлучив да немам деца“

Актерката, која се стекна со најголема слава со улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“ на 41 година, одлучи да не стане мајка, а сега зборуваше за тоа како дошло до таа одлука.

Како што објасни Ким Катрал (64), таа одлулила да нема деца додека сè уште играла во серијата „Сексот и градот“.

Таа вели дека со нејзиниот партнер се обидувале да добијат деца и дека вредно работеле на тоа.

– Тоа беше во 1998 година, и јас практично се претворив во научен експеримент … Требаше да имаме односи во одредено време … Едноставно немаше шанси да останам здрава, во добро емоционално и физичко здравје и сè уште да работам 19 часови на ден “, рече Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Таа објасни дека во тоа време веќе имала 41 година.

Заклучив дека треба да донесам одлука за мое добро. Сакам да работам, мојата работа е пасош за независност, слобода и образование. Значи, помислив дека во моите 40-те години количината на сценарија напишани за мене се преполовија и другите не ме сметаа повеќе за млада дама. Моите улоги ги преземаа сите помлади колешки“, изјави актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Катрал истакна дека можела да направи се како што треба и  да не остане бремена.

„Помислив и заклучив дека не знам дали можам да го направам тоа, мислам, можам ли да го направам сето тоа што докторот ни го кажа, а повторно да не успееме. Можевме да го направиме тоа „од А до Ш“, а јас да не забременам. И така размислував за себе  заклучив дека не треба да се остварам како родител.  Мислам дека тоа беше клучниот момент кога одлучив да немам деца“, изјави актерката

To top