Радио Милева Бурни реакции

Познатиот актер се сврши со 38 години помладата фитнес инструкторка, а поради неа не излегува од теретана (фото)

Познатиот актер се сврши со 38 години помладата фитнес инструкторка, а поради неа не излегува од теретана (фото)

Долф Лундгрен (63), sвезда на акциони филмови од осумдесеттите години, ја шокираше јавноста кога пред неколку месеци се сврши со својата 38-годишни помлада девојка, фитнес инструкторка Ема Крокдал.

Поради дваесет и петгодишната избраничка, актерот многу се грижи за својот изглед, едвај ја напушта теретаната.

Имено, двајцата беа фотографирани по тренинг. Ема беше во тесни црвени шорцеви кои ги истакнуваа нејзините извајани, затегнати нозе, но и Долф е во одлична форма, иако веќе е во седмата деценија.

фото:профимедиа

Исто така се шпекулира дека Лундгрен тајно се оженил со убавата Норвежанка, со оглед на тоа што било забележано дека носи прстен на левата рака. Сепак, нема официјална потврда за тоа.

Да потсетиме, славниот 63-годишник сподели фотографија на својот Инстаграм во јули оваа година, на која ја прегрнува оваа млада дама, а таа ја покажува раката со прстенот и срамежливо се насмевнува. „Нешто многу посебно се случи тука во Шведска“, напиша тогаш.

Затоа на нивните заеднички фотографии редовно може да се читаат груби коментари и бројни навреди. „Може да ти биде ќерка, дури и внука“, „Дали е твоја ќерка, не разбирам?“, „Разликата во возраста е преголема. Страшно“, „Вереницата е убава, но сепак е дете“ некои забелешки на следбениците на Долф.

фото:профимедиа

Неговата објава предизвика бурни реакции – јавноста негодуваше за огромната разлика во возраста на Лундгрен, но и фактот дека убавата Ема неодоливо потсетува на неговата постара ќерка Ајда.

To top