Актерот Бред Пит речиси не ги гледа своите биолошки деца откако пред четири години се разведе од Анџелина Џоли.
Нивната борба за старателеството на децата се уште трае на суд.
Меѓутоа, како што пишува „US Weekly“, неговите три биолошки деца Шајло, Вивиен и Нокс ќе го поминат Божиќ со нивниот татко во домот на актерот, додека Анџелина ќе ги помине новогодишните празници со нивните три посвоени деца Медокс, Пакс и Захара.
Извор близок на парот тврди дека децата може да бидат со нивниот татко само на Бадник.
Анџелина и Бред на почетокот на годината размислуваа да го поминат Божиќ со своите деца но како што се интензивираше нивната борба на суд, тие ги сменија тие планови “, објасни доверлив извор.
Според него, поранешните сопружници се подеднакво одговорни за нивната „драма која никогаш не запира“.