Пејачката Марија Шерифовиќ во своето ново видео на Јутуб зборуваше за своето искуство со диетата која и ја препишала нутриционист.
Диетата на Марија се базира главно на салати, младо сирење, туна и бело месо.
На самиот почеток, пејачката истакна дека никако да не се копираа диетата бидејќи може да биде кобно затоа што режимот на исхрана е направена само за неа.
-Ова е план на исхрана кој одговара на мојата тежина и крвна група, и секој треба да најде соодветен план за себе. Седум дена ќе се хранам здраво и се дека нема да ја прекршам диетата. Зелениот чај е задолжителен, тоа е нешто со што го започнувам денот – вели Марија.
За време на овие седум дена, пејачката била гладна, но успеала да им одолее на искушенијата и да се храни здраво, а во текот на оваа недела ослабела 2,8 килограми.
– Тоа е голем успех, секако можеше да биде и подобар, но резултатот секако е добар. Не се надевајте дека така ќе биде секоја недела, бидејќи на почетокот тоа веднаш доведува до исфрлање на вишокот течности и токсини – заклучи Марија, задоволна од резултатите од првата недела.