Актерот Андрија Милошевиќ не престанува да ги засмева своите следбеници на социјалните мрежи со оригинални снимки од секојдневниот живот. Покрај тоа што често изведува разни имитации, кажува шеги и раскажува вицови, тој често се облекува и во женска гардероба, а ги користи и работите на неговата девојка Александра.
Но, актерот сега отиде чекор подалеку, откако се снимаше во козметичкиот салон за време на едн свој козметички третман. Имено, Андрија се интересираше што тоа е ставено на неговите очи, а потоа доби и објаснување.
„Тоа се силиконски перничиња со алое, за третман на очните капаци и против подочниците“ – му одговори козметичарката, а потоа Андрија ја насмеа до солзи со смешна приказна:
„Кажи ми, те молам, сега кога сум жена, има ли некоја заклетва за да ме прифатите во женското друпштво? Денес, кога станувам жена, ќе учам и ќе работам вредно и ќе бидам добра госпоѓа. Ќе готвам и ќе го терам сопругот да ми вари чај …“ – се пошегува Андрија, а козметичарката гласлатко се смееше.
Андрија Милошевиќ го објави видеото на својот Инстаграм, со наслов наместо коментар: „Денес станувам госпоѓа“.
View this post on Instagram