Радио Милева „Во домот имаме дел за дезинфекција“

Вики Миљковиќ ги откри сите детали за борбата со коронавирусот: „Кога дознав дека сум позитивна почнав да плачам“

Вики Миљковиќ ги откри сите детали за борбата со коронавирусот: „Кога дознав дека сум позитивна почнав да плачам“

Пејачката во „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ неодамна прележа коронавирус, а сега во утринската програма на „Прва“ ги откри сите детали.

Освен Вики, заразени биле и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташка и синот Андреј.

„Карантинот ни заврши пред 7, 8 дена. Имавме лесни симпотми, јас имав температура два часа, Андреј исто, а Ташке имаше температура два дена и воспаление на белите дробови, кај него беше покомплицирано, но ништо страшно. Се чувавме цело време, носевме маски, дури дома имаме дел за дезинфекција каде стојат средства, ракавици, маски“, започна да раскажува Вики.

фото: принтскрин/инстаграм/вики миљковиќ

Пејачката вели дека тешко го поднела сознанието дека е заразена.

„Тешки се тие моменти, кога Ташке и јас дознавме дека сме заразени, почнав да плачам. Андреј тогаш немаше уште појавено симпотми, и детето доаѓа кај нас во соба со маска, уплашено, не гледа, ние му велиме да не влегува, а тој ќе ставеше маска и ќе седнеше, не гледаше тажно и ќе не прашаше: „Ќе бидете ли добро, ништо нема да ви се случи?“. Јас почнав да плачам“, искрена е Миљковиќ.

фото: принтскрин/инстаграм/вики миљковиќ

Таа откри на кој начин се снаоѓала со храна и лекови.

„Ние живееме во Белград на вода и  поздрав до рецепционерите и вработените во аптеката која е во нашата зграда. Имаме отворена сметка во аптеката и тогаш ништо не плаќавме туку подоцна кога прележавме корона, многу сум им благодарна. Фармацевтите се ни праќаа, ќе остават на рецепција, а рецепционерот ќе ни донесе до врата, па по неколку минути ќе излезвме да земеме. Храна нарачувавме од сите можни апликации“ изјави пејачката.

To top