Станија Добројевиќ, Сораја Вучелиќ, Ана Кораќ и многу други старлети се здобија со голема популарност во Србија и пошироко, во ртегионот. Сите тие имиња денес ни се многу добро познати, но кој се сеќава на Мила Арсиќ?
Таа беше првата старлета која подоцна се занимаваше со водителство, беше модел кој бил присутен на сите поважни настани во Белград. Беше водителка на „Арт“, „Пинк“, „РТС“, „Станком“, а се прослави со провокативните разголени фотографии што ги направи за бројни машки списанија. Со оглед на копнежот на голем број мажи, таа често даваше интервјуа на скокотливи теми, па нејзините одговори беа во овој контекст:
„За мене, најсилниот афродизијак е мозокот, а тоа мора да го знаат сите мажи. Големината на полниот орган не е важна, иако морам да кажам дека имав помалку од три сексуални партнери, па не би знаела што е „мало“ и што „големо“ – беа одговорите на Мила.
Малкумина се сеќаваат дека таа беше во кратка романса со познатиот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, но романсата не траеше долго. На јавноста и беше секако поинтересно да се занимава со нејзиниот изглед, наместо со водителските способности на Мила. После големата популарност, Мила се повлече од јавноста, по што и се губи секоја трага. Очигледно и било доста од јавна работа и веројатно срамежливоста си го направила своето… Или нешто сосема трето, многу поопипливо?!