Бројни познати личности вчера (19.12.2020) го прославија празникот Свети Никола.
Судејќи според она што може да се види на социјалните мрежи, славните славеа слава во семејниот круг, без голем број на луѓе и прослави, како што беше случај во претходните години.
Пејачката Зорица Брунцлик им честиташе на сите кои го слават Свети Никола покажувајќи ја празничната трпеза.
-На сите кои денес го слават Св. Никола, среќна слава, па и на нас. Прославете во кругот на семејството. Бог ќе даде подобро следната година – напиша Зорица во описот на фотографијата што ја објави на Инстаграм.
Пејачката Јелена Томашевиќ исто така слави слава, која на Инстаграм се пофали со колач кој, како што рече, самата го замесила.
Актерот Милан Васиќ им ја честиташе славата на сите и истакна дека тој и неговото семејство го слават овој ден меѓу најблиските.
Свети Никола денес се слави и во домот на Ражнатовиќ, а по тој повод се огласија Вељко и Анастасија и им честитаа на сите што слават.
– Среќен Свети Никола, православни браќа!!! – напиша Вељко на својот Инстаграм.
– Среќен Свети Никола на моето семејство и на сите што слават. – напиша Анастасија на споменатата мрежа.
И пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, им ја честиташе славата на сите на популарната социјална мрежа.
Некои од македонските јавните личности исто така славеа Свети Никола, па на социјалните мрежи се пофалија со богатата трпеза.
Стефан Величковски
Симона Поповска