Меган Маркл и принцот Хари ја основаа продукцијата „ “Archewell Audio” а во договорот наведоа дека ќе произведуваат програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот.
Славната двојка подкасти за стриминг сервисот Спотифај, со кој потпишале повеќемилионски договор, пренесуваат странските медиуми.
До крајот на овој месец, треба да бидат објавени нивните празнични специјални „приказни за надеж и сочувство“
„Она што го сакаме кај подкастите е тоа што нè потсетуваат да одвоиме момент и навистина да се слушаме и да се поврземе едни со други без пречки. Со предизвиците што нѝ ги донесе 2020-та година, сега е вистинското време за тоа. Кога ги слушаме приказните на другите, се потсетуваме колку сме меѓусебно поврзани“, објасни парот.
„Војводата и војвотката од Сасекс можеби живеат во Калифорнија, но нивниот глас се почитува насекаде поради нивниот статус на светски граѓани“,изјави шефот на Спотифај за содржина и рекламирање, Дон Остров.
Меган и Хари во септември потпишаа договор со Нетфликс за производство на документарни и долгометражни филмови.