Внуката на премиерот Зоран Заев, или ќерката на Вице-то, ако повеќе сакате, Ева Заева не ретко знае да го привлече вниманието на јавноста. Некогаш со својата убавина, некогаш со некоја своја модна комбинација, некогаш со заедничките фотографии… Најчесто со нејзиното момче, младиот „олигарх“ Чифлиганец и нивните заеднички луксузни патувања по егзотични дестинции низ светот, поретко сликана со чичо ѝ, а понекогаш со она што како скап подарок го добила, како белата кабрио буба на пример, а сега и со оној кој во последно време и е близок придружник и верно ја чува.
Имено, младата Ева овој пат, повторно го привлече вниманието на корисниците на социјалната мрежа Инстаграм, откако сподели фотографија со куче. Овој пат пес од расата „Дог де Бордо“, која е една од најстарите раси на кучиња во Франција. Овие кучиња покрај тоа што важат за многу питоми, се и вистински чувари на домот, па затоа имаат и висоска цена. На специјализираните сајтови за миленичиња, едно вакво куче чини од 1.500 до 7.000 долари во зависност од леглото.
Ева сега гордо се шета со својот скап пес по струмичките улици, за кој не е познато од каде внуката на Зоран Заев го набавила, ниту пак колку за него искреширал тато Вице? Или што би рекле, колку илјади евра, Ева „шета на ланец“, додека секој втор Македонец, живее како гладен Африканец?
А „верниот чувар“ на внуката на премиерот не и е прв миленик. Мачиња и кучиња имало и пред тоа во домот на Заеви.
Само што кај нив и кучињата живеат далеку од „кучешки“!
Како и да е, со ваква „ѕверка“ покрај себе, сега на Ева тешко дека некој би можел да ѝ се приближи, ако таа не му дозволи. Освен, можеби чичо…?
Нему никој смее да му р’жи… Зашто навикнат е да му јадат од рака. Се’ додека еден ден не решат „да го растргнат“… Одвнатре, „партиските пци“ или однадвор, оние што го живеат пустиот живот… кучешки!