Радио Милева скокотливи прашања

Пред самиот почетокот на петатта сезона, Наим од „Преспав“ откри кој газда најмногу го „нервира“, а еве што вели за Ула

Пред самиот почетокот на петатта сезона, Наим од „Преспав“ откри кој газда најмногу го „нервира“, а еве што вели за Ула

На 18 декември започнува петатта сезона на „Преспав“, а публиката со нетрпение го очекува емитувањето на првата епизода од петотто продолжение.

Коста, Ула, Миле, Тони, Марио, Дончо, Наим, Талат, Јелена… се собраа во пансионот за да ги снимат новите епизоди со кои сигурно ќе ве насмеат.

фото: принтскрин/инстаграм/пансион преспав

Актерот Адриан Азри кој ја игра улогата на Наим во „90 секунди“ одговараше на разни прашања, па така откри кој газда најмногу го нервира, што мисли за Ула, што би одбрал вечер со Ула или викенд со Преслава…

Тешко ли е да си биде партнер во Преспав?

  • „Па види, тешко е, но Наим може се“.

Кој те нервира најмногу во пансионот?

  • Оној Коста.

Опиши ја Ула во три збора?

  • Убава, силна и за мене многу важна.

Наим, не е Наим без…

  • Ташничка..

Со кој газда најдобро се разбираш?

  • Со себе.

Вечер со Ула или викенд со Преслава?

фото: принтскрин/јутуб
  • Секако дека со Ула.

Каде за Нова година?

  • Нормално во „Преспав“.

Инаку, Наим успева да го раководи и „Преспав“ и секогаш да изнаоѓа решение за згодите и незгодите во пансионот.

Бизнисот на актерот му оди и во приватниот живот, па тој е сопственик на позат бар во Тетово.

Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.

To top