Том Круз на седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“ им викал и се заканувал на филмската екипа со отказ заради пропусти во ковид протоколите за снимање.
Наводно, како што пишуваат британските медиуми, има аудио-снимка на која Круз вика на тимот затоа што тие ги прекршиле правилата за социјално растојание и другите правила што овозможуваат снимање филмови за време на пандемијата на коронавирусот.
Видеото започна да кружи по социјалните мрежи, а прво беше објавено од „Sun“.
Претставникот за медиумите на актерот одби да ги коментира тие тврдења.
“Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? Бидејќи јас ќе позанимавам со тоа. И ако не можете да бидете разумни и не можам да се справам со вашата логика, вие сте отпуштени”, објавија медиумите за наводниот разговор помеѓу Том Круз и вработените.
Tom Cruise went ballistic on the Mission: Impossible 7 crew for breaking COVID protocols…pic.twitter.com/WbIpVlja7w
— Rex Chapman🏇🏼 (@RexChapman) December 16, 2020
Не е прецизирано што се случило, но филмската екипа пристигнала во Лондон на почетокот на декември, поради снимање на седмото продолжение на „Невозможна мисија“ , што беше еден од првите филмови оваа година чие снимање беше стопирано поради короната.
Снимањето продолжи во септември повторно во Италија, потоа во Норвешка и Лондон, а во јули Круз апелираше до норвешкиот премиер деловите од филмот во Норвешка да се снимаат според карантинските правила во таа држава.