Португалскиот магазин „TV Guide“ тврди дека славниот фудбалер Кристијано Роналдо ја изневерил својата девојка Гергина Родригез со португалската старлета Наташа Софија.
Приказната за португалските медиуми ја раскажала самата Наташа (21), која открила и детали од средбата. Наводно се допишувале, а Роналдо и одговарал се додека не се сретнале. Таа тврди дека со ѕвездата на Реал Мадрид имале бурна ноќ во хотел, а после средбата Роналдо и дал 300 евра за такси.
Најновото издание на магазинот содржи и пораки кои наводно таа и Роналдо ги разменувале. Во дополнетата приказна магазинот тврди дека Наташа почнала да се допишува со Роналдо уште во 2015 година, но се сретнале само еднаш, на 23 март, 2017 година.
Наташа открива дека вниманието на Роналдо го привлекла со видеото на кое тверкува.
Ја иневери (Георгина). Ретко зборуваше за неа, но кога бевме заедно, тоа го призна. Рече дека една од причините поради која е со неа е бидејќи е добра со неговиот син. Ми рече и дека е навистина зафатен човек и нема време за љубов, заклучила таа.